Денеска остварив средба со Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Војциех Тицињски. На средбата разговаравме за актуелните политички и економски случувања во Република Македонија, како и политичкиот прогон кој го спроведува власта кон политичките неистомисленици, информира лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Главниот проблем во државата е недостатокот на правдата и проблемите со владеење на правото. Го информирав амбасадорот за политичкиот реваншизам кој го спроведува власта кон политичките противници, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.