Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денеска остварија средба со евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир на која разговарале на повеќе актуелни политички теми.

Претседателот Мицкоски на својот соговорник му ја презентирал концепцијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија за сите луѓе“, како и промоциите на нови политики кои како понуда ВМРО-ДПМНЕ ќе ги престави пред граѓаните на следните избори.

-Мицкоски го информираше евроабасадорот Гир за високиот степен на корупција и криминал во државата, како и за злоупотребата од страна на власта на европското знаме при носењето закони во законодавниот дом, како последен пример за злоупотреба на европското знаме е новиот Предлог закон за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанци. Претседателот Мицкоски ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на Македонија во Европската Унија, засновата на принципиелна основа – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.