ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да протестира со цел да се спречи нов македонски национален срам што ќе биде погубен за македонската историја. Денеска ВМРО ДПМНЕ повторно протестираше пред Министерството за надворешни работи барајќи од власта во јавноста да ги објави тајните преговори и распродажби од страна на Заев и Бучковски во договорот со Бугарија.

Ние остануваме тука за да се спротивставиме на овие погубни политики и да спречиме уште еден нов македонски национален срам, срам кој ќе значи погибие на македонската историја, македонската култура и мешање во македонските учебници по историја.

Тоа е наше богатство, наша сопственост и Зоран Заев нема апсолутно никакво право сам да одлучува за вакви круцијални прашања кои се однесуваат на Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.