Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја опиша атмосферата на средбите меѓу работните групи од власта и опозицијата, велејќи дека на тие средби се забележува чувство на одмазда и атак кон ВМРО-ДПМНЕ. Тој изјави денеска дека е оптимист и дека очекува да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, кој ќе го одреди идниот статус на СЈО.

–Јас сакам да бидам оптипист и верувам дека ќе се вразуми влста и ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум дека ќе излезат со коментари, свесен сум дека во овие месеци се случува насилна пресметка со опозицијата, но ние имаме принципиелен став и не се плашиме да се соочиме со фактите од спротивната страна. Но тие преговори, посебно од изготвување на тој закон, изобилуваат со изразено чувство за одмазда, атак и пресметка со неистомислениците – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.