Христијан Мицкоски, лидеротна ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Опуштено“ на телевизија Алфа, зборуваше за тоа кое е неговото омилено место во Македонија и каде ги полни своите батерии при што истакна дека неговото омилено место се македонските планини и таму се чувствува свој на своето. Вели пријателите го прашуваат зошто не зборува за одмор на море, но, она што него го исполнува е рекреативното планинарење.
-Моето омилено место се македонските планини, таму сум свој на своето. Кога сум надвор од семејството, пријателите и немам професионални обврски, кога сум на планина сум свој на своето, посебно сега во овој период кога беше пролет и она би рекол рана есен, оној период на крајот од септември, почетокот на октомври, но и оној период мај, почетокот на јуни месец македонските планини се преубави, во две различни бои, сега се прекрасно зелени, тогаш се прекрасно жолти. Така што тоа е она што мене ме прави можеби свој на своето, да појдам да подразмислам за активностите и за плановите понатаму и тоа ме инспирира најмногу. Можеби помалку ме привлекува море, песок, плажа и така натаму, рече Мицкоски.
Тој во текот на своето гостување посочи дека на планина сите се другари и речиси секој ден го искачува скопско Водно. Вели нема тешка планина за искачување, исклучувајќи го алпинизмот, кој е е дел од неговата рекреација. Како најтежок за искачување го посочи Кораб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.