Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вклучување на телевизија Сител зборуваше за тоа како ги оценува изминатите 20 дена за изборна кампања ако се земе во предвиде дека владее здравствена криза во државата.
Мицкоски смета дека овие 20-тина дена ВМРО-ДПМНЕ успеа да мобилизира многу луѓе, но и луѓе кои се неопределени или пак биле определени за друга политичка партија.
-Точно 19 дена имавме една прилично содржајна кампања. Цениме дека успеавме да мобилизираме многу луѓе и тоа од политичка провиненција, но и политичка неутралност, луѓе кои се политички неопределени но и такви кој што би рекол дека биле определени политички за други политички партии, но сега некако ни приоѓаат во овој период. Цениме дека понудата која што ВМРО-ДПМНЕ ја напиша во оние 360 страни Проект „Обнова“ допре до огромен број на наши сограѓани и тоа од различна етничка припадност. Еве често пати во минатото бевме обвинувани дека се обраќаме етноцентрично, јас би кажал дека оние митинзи кои што ги имавме и во Тетово и Гостивар имаше многу граѓани присутни кои што не се само од македонска националност, туку и Албанци и Турци, Роми, Власи и Срби, буквално ценам дека како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија успеавме да мобилизираме една сериозна група на граѓани која што во овие 19 дена беше со нас, не поддржуваше на различен начин се разбира, дали присуствуваше на оние средби со граѓани, дали својот став го артикулираше на социјалните медиуми или на поинаков начин, важно е дека добивме навистина многу енергија, многу поддршка, истакна Мицкоски.
Мицкоски порача дека се чувствува задоволен бидејќи 19 дена поминал заедно со граѓаните, иако било навистина напорно.
-Имавме по 4-5 средби со граѓани на дневна основа, плус други настани како што се телевизиски интервјуа, дебати и цениме дека во овие повеќе од 100 настани во овие 19 дена успеавме да допреме до секој еден кој што сакаше да ја слушне политичката понуда од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.