ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број на нови имиња, свежи кадри, и врвни индивидуи кои се обединуваат околу нашата мисија за обнова на Македонија. Идниот пратенички состав, а потоа и идната влада ќе ја сочинуваат најголем број на нови лица досега, докажани индивидуи. ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција околу која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе започне да ги менува работите -посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашната прес-конференција на која ги објави кандидатските листи за пратеници на претстојните парламентарни избори закажани за12 април годинава.
Тој нагласи дека над 95 проценти се луѓе кои што за прв пат ќе бидат дел од листата која што ќе ги опфати кандидатите за пратеници. На сцена, вели, се дава шанса на нова генерација која мора да се избори за подобра иднина.
-Одиме на сигурна победа. Секоја генерација има своја битка, исто како и нашата генерација, и ние денес имаме историска улога и одговорност да извојуваме победа која ќе донесе подобри времиња за Македонија. Нашата победа е обновата. Обнова која ќе донесе повеќе за секого, повеќе правда, повеќе вредности, повеќе принципи, повеќе работа, повеќе пари, повеќе здравје, повеќе среќа, повеќе ред, повеќе сигурност и повеќе насмевки и верба дека ќе успееме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.