Споделувајќи го видеото на кое турскиот мафијаш Седат Пекер, еден од оние кои добија македонски пасош со лажен идентитет, открива дека не само што е добар пријател со премиерот Зоран Заев, туку бил и кај него дома, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа е одговор на сите нејаснотии во експресната постапка за службениците од Пасошко.

Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници кои се осудени во аферата „Мафија“ се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР, зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага:
Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.
Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада, вели Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.