Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара оставка на Владата откако денеска полицијата не може да го лоцира Сашо Мијалков, обвинет за случајот „Таргет-Тврдина“, чија пресуда треба да биде изречена в петок.

Одамна реков, мафијата има своја држава. Нема дно кое не го пробија.
Оставка на Владата веднаш!, порача Мицкоски.

Cите се качија на еден ист брод, се собра дружината. Уценуваните и уценувачите. А Заев сакајќи да наштети на ВМРО, си стави уште еден тег на ногата. Епа Заев со здравје да си ги носиш. Си одговарате и по криминалот и по нечесноста.
Ви кажувам, сега доаѓа ураганот од народ кој ќе го потопи тој брод на кој сте собрани топтан. Доста е, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.