При денешната посета на Вевчани, како дел од акцијата „Разговори за обнова на Македонија“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одржа и состанок со Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани.

Време е за промени, време е да се даде одговор за сите неправди, неисполнети ветувања, за иселувањето кое ни ја одзема иднината. Време е за обнова, нов почеток, развој, достоинство, силна економија, за високо крената глава и извесна европска иднина, порача Мицкоски од Вевчани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.