Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во Радовиш, на Божиќна средба со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму порача дека само ако силно и обединето ѝ се спротивстават, ќе ја спречат Владата која ја носи во амбис Македонија.
Луѓето со тажен и загрижен поглед во очите велат, не оди вака, не ја бива. Разочарувањето од оваа власт е големо, не оди во економијата, земјоделците се понижени од немањето на грижа од владата, младите не гледаат овде иднина, работниците немаат повисоки плати, но затоа имаат поскап живот. А најголемиот пораз е промената на името која ја спроведуваат. Предавството на државните и национални интереси станува основниот атрибут за спас на нивните политички кариери. Предавството, а не работата. Македонија ја носат во амбис и мораме да ги спречиме. А ќе ги спречиме доколку силно и обединето им се спротивставиме. Со оваа неспособна Влада нема ниту европска агенда на дофат, нема ниту подобар живот. Затоа мора да си одат. Што побрзо, тоа подобро, за нашиот народ и за нашата држава. Граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, порача Мицкоски од Радовиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.