Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ кажа дека од понеделник ќе размисли за проширувања во врвниот менаџмент на партијата. Тој најави дека може да има нови лица во партиската структура, а исто така ќе бидат поканети и општествено активни лица, и со таа комбинација ќе се излезе на избори. Најави и проширувања во извршниот комитет на партијата.

Ќе има проширување во извршниот комитет, тоа ќе биде една симбиоза на луѓе кои се дел од таму, нови луѓе, дел од новите ќе бидат дел од партиската структура, општествено активни лица ќе повикаме, а на нив е дали ќе се придружат. Тоа е една комбинација со која ќе ја бараме довербата на граѓаните. Зборувам за извршниот комитет. Тука не би требало да има поголеми изненадувања. Можеби ќе има проширување во врниот менаџмент на партијата, можеби во извршниот комитет, еве да дадеме времето да даде одговор, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.