Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „За заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија открива дека од наредната недела партијата започнува со промоција на политиките кои ќе ја застанат државата на нозе, како понуда за локалните избори, но и за борба за централната власт.
– ВМРО-ДПМНЕ од следната недела почнува со настани со граѓаните во кои ќе почнеме тематски да ги соопштуваме генералните правци и понуда со која ќе излеземе на следните локални избори, но и чекор потоа кога ќе имаме кампања за централната власт. Тоа е она кое што ние лично имаме намера да го понудиме пред граѓаните. Очекуваме критики, совети, бидејќи критиката може да биде и позитивна, да видиме дали тоа е доволно од тоа што го очекуваат граѓаните од нас, изјави Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека за да успееме во сите области, најпрвин треба да се справиме со криминалот и корупцијата и повторно да ја поставиме на нозе економијата, да имаме здрава економија.
– Во спротивно ние не можеме да јакнеме патриотски дух, ниту да имаме среќни земјоделци, ниту млади во државата. Без силна економија, немаме силна држава. Потоа доаѓа се разбира образование и останатите столбови, рече Мицкоски.
Во врска со понудата на СДСМ, Мицкоски вели дека од власта повеќе никој ништо не очекува, дури ни самите не очекуваат и сега само со поткуп и заплашување ќе се обидат да извлечат глас повеќе.
– Тие сега се обидуваат со тој полусвет од подземјето како да заплашат повеќе луѓе, како да поткупат, и преку стандардната партиска структура да извлечат некоја илјадарка гласови. Не очекуваме дека ќе излезат со револуционерни проекти, и дека планираат да реализираа. Погледнете ги програмите на градоначалниците на СДСМ и видете дека ништо не реализирале, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.