Толку е тешка денешната реалност во Македонија што луѓето едвај чекаа да оваа оваа власт предводена од Зоран Заев и СДСМ побрзо заврши. Но, граѓаните на Македонија на 12 април ќе имаат можност гласно да зборуваат позади параванот кога ќе треба да заокружуваат. Јас сум убеден во историски најголемата понуда бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија “ ја формираше најголемата, историски најголемата коалиција во независна и суверена Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот, порача од Кочани лидерот на ВМРО ДПМНЕ во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма”.

Заев и СДСМ разочараа многу наши сограѓани кога поверуваа дека е дојден денот кога правдината и правото ќе владеат во Македонија. За жал, сето тоа беше една нивна алатка да вршат притисок, да уценуваат политичари, да рекетираат бизнисмени. Затоа денес „зад завеса” се договараат со оние остатоци кои ги направија уставните измени во Собранието, и сакаат на мала врата, преку Уставниот суд да ја реактуелизираат аболицијата, а притоа виновно да биде ВМРО-ДПМНЕ. Криминалецот има само криминален ум и ништо повеќе, а ние тоа нема да го дозволиме. ВМРО-ДПМНЕ е против каква било шверцерска аболиција или помилување на политичари кои се огрешиле на каков било начин. И не само на политичари, туку на секого, без разлика од која партија е, ако ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните, треба да сноси одговорност. Нема ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси господа од СДСМ, од прв до последен ќе одговарате за злоделата што им ги направивте на народот и државата – истакна Мицкоски.

Тој не заборави да потсети дека токму во Кочани власта им ветуваше на оризопроизводителите, велејќи дека оризот и оризовата арпа сигурно ќе се пласираат.

Пред некој месец тука, во септември, го отворавме штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, разговаравме со оризопроизводителите и буквално најголемиот дел од нив ми рекоа планираме до година и да не ги ожнееме нивите, да не ги посееме, затоа што не само не се исплати туку и потешко никогаш не било. Уште една голема невистина само за да може да се зграбат до привилегиите во Владата, само за да може да се амнестираат од злоделата кои што ги правеа во минатото, рече Мицкоски.

Во обраќањето пред граѓаните на Кочани, Мицковски нагласи дека актуелната власт не само што не испорачала подобрување на економската состојба и животниот стандард на граѓаните, туку податоците покажувале стагнација и назадување, а во државата не било никогаш полошо поради што граѓаните масовно се иселуваат.

Вториот столб на кој се темели нашата програма е дигатилизацијата затоа што она општество кое за дваесет или триесет години од денеска нема да биде дигитализирано ќе му претстои огромен предизвик за опстанок. Колку побргу тоа го направиме, толку повеќе ќе бидеме отчетни и транспарентни пред граѓаните. Комбинација на дигитално општество, диги-Македонија, со владеење на правото, дополнето со македонизмот назад во Македонија, е гаранција за модерна и успешна држава. ВМРО-ДПМНЕ има план и визија за следните триесет години и знае како да ја обнови Македонија. Токму македонизмот назад во Македонија е третиот столб на нашата програма, затоа што доста ни се пропаганди, антиквизации и наметнати севернизации. Нам ни треба македонизмот – додаде Мицковски.

Според Мицкоски, оваа влада говори сами невистини и лаги пред луѓето.

Но младите знаат да ценат. Знаат да го вреднуваат сето она кое што во минатото беше направено и она што ќе го понуди во новата програма ВМРО-ДПМНЕ. И сето тоа громогласно ќе го кажат на 12-ти април 2020-тата со огромна поддршка за обновата на Македонија и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што знаат да прават разлика, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е против било каква шверцерска аболиција или помилување на политичари кои што се огрешиле на ваков или таков начин.

Но не само на политичари, туку и на секој оној без разлика дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ или било која друга политичка партија, а ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност и да одговара.  А, јас ви ветувам, дека после 12-ти април, на 13-ти април преиспитајте се што сте правеле вие господа од СДСМ, нема ниту една аболиција, ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси. Од прв до последен ќе одговарате за злоделата што ги направивте на овој народ и на оваа држава. А вие можете шверцерски да договарате, притискате и уценувате и корумпирате судии. Можете да си туркате приватни агенди. ВМРО-ДПМНЕ, јас лично ниту поддржуваме ниту некогаш ќе поддржиме, подвлече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ затоа на 12 април е решението на ова неправда која што денеска владее со нашата држава.

Јас затоа ве замолувам и ве повикувам масовно да се придружиме на обновата. Ние не размислуваме од денес за утре. Ние ја гледаме и ја проектираме нашата иднина и нашата заедничка Македонија како ќе изгледа за 30 години. Тоа е нашата битка и тоа е битката на оваа генерација, честита, чесна, праведна Европска модерна држава. Затоа ве молам дојдете и придружете ни се, за тоа да го создадеме заедно потребен ни е последниот столб, а тоа е македонизмот назад во Македонија, порача Мицкоски од Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.