Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ од Гостивар порача дека е доста со демагогија и оти на овој народ му се потребни политичари кои многу ќе работат.

Бев во Гостивар. Доста е со компромиси во политиката, доста е со политички памфлети. Овој народ е уморен од политикантство. На овој народ му требаат политичари кои ќе ги засукуваат ракавите и многу ќе работат. Доста е демагогија, доста е бесцелни прес конференции, доста е лаги, доста е шарени измами, рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, на овој народ му требаат честити луѓе, политичари кои тоа што ќе го ветат и ќе го исполнат.

Затоа апелирам до политичарите во оваа предизборна кампања, нека не го ветуваат тоа што не можат да исполнат. Нека не го разочаруваат народот дополнително, бидејќи народот и сега ни е разочаран. Затоа ќе понудиме обнова, обнова која ќе значи крај за политичарите од минатото и нов почеток, нова надeж и нови успеси за Македонија, порача Мицкоски од Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.