Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва пред жителите во Берово истакна дека се што порано кога СДСМ била опозиција ветувала за да дојде до пуста фотелја и власт денеска не исполнила, граѓаните сега знаат дека тоа се себични луѓе, рече Мицкоски и затоа оваа власт ќе ја пратат во минатото.

Изминавме многу градови и села, стегнавме илјадници раце со илјадници и илајдници раце се поздравивме, очи во очи се погледнавме. Иден претседател на Република Македонија ќе биде жена и тоа е веќе јасно. Нас ни е потребно големо обедунување на 21 април и пети мај, затоа ни е потребно Беровци оваа рекордна победа за да можеме овие полотички измаминици да ги пратиме во политичка историја, на темната страна на историјата. Ќе дојде денот когаповторно ќе се најдеме на улиците и ќе разговараме за вистината на Македонија. А вистината е дека Зоран Заев ќе биде минато на овие избори, кои повторно нема да се случи и нема да се повтори. Граќаните без разлика на етничката припадност, сите споделуваат иста мака, од лагите на Зоран Заев и СДСМ. Ветуваа живот дека ќе донесат, а донесоа пекол. Да го поразиме деспотот заедно со неговиот деспотски кандидат, рече Мицкоски.

 

Мицкоски истакна и дека Зоран Заев и власта се срамат од македонската химна, па затоа со низа изговори, таа не беше интонирана за време на посетата на Ципрас во земјата.

Зоран Заев велеше дека овие две години го зајакнал идентитетот, а истиот тој Зоран Заев пред зградата која треба да го симболизираше иднетитетот се срамеше да ја слушне „Денес над Македонија се раѓа“, потенцира Мицкоски.

Во Европа не се оди по принципот евро за вице, евро за црквата, во ЕУ не се оди со издиктрирани обвиненија, или во ЕУ не се оди со затварање на ски стази за забава со другарчињата. Во Европа се оди со вистински решенија, истакна тој.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека неговата партија за парламентарни избори ќе понуди програма која не е видена до сега.

 

ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со програма невидена досега, не велам дека ќе решиме се, тоа невозможно и нема да се случи. Но со нас ќе гледате политичари како секојдневно макотрпно работат. Затоа ве замолувам за поддршка да ја кренеме Македонија од пепел и криминалот на оваа власт. Нас ни треба секое едно ново работно место, нема луѓето да напредуваат затоа што се седми братучед на Мира Дизел. Мора оваа неправда да ја пратиме во минатото. Треба тоа што ќе ветиш и да исполниш, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара поддршка и од земјоделците за  кои рече дека иако работат макотрпно, оваа валст ги излажа, па амбарите со ориз остануваат полни, а јаболковите дрвја во ресен се исечени.

Ветуваа загарантиран откуп, поддршка за земјоделците, во Ресен ги сечат дрвјата, се полни амбарите со ориз оти нема кој да го откупи. Не е чесно кога сте опозиција за таа пуста фотелја да го лажете народот, а потоа никаде да ве нема.

Ги исплатија субвенциите на тутунопроизводителите три дена пред избори, нема да критикуваме, само што земјоделецот нема на овој начин да ви ја даде довербата. Го потцените и навредите честиот македонски земјоделец. Доѓа правдата за да ја победи непртавдата во Република Македонија, истакна Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.