Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при својата посета на градот Берво за големиот христијански празник Успение на Пресвет Богородица истакна дека силно се чуствува незадоволството на народот од тешкиот живот, тој порача народот да ги тргне на страна розевите очила на премиерот и неговата каста одбрани соработници, бидејки денеска вистината е дека Берово исто како и другите градови и села живее потешко од било кога.
Денеска сум во Берово, за големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Го посетив преубавиот манастир. Се видов со луѓето, им го честитав празникот, посакав среќа добро здравје, спокој во овие неспокојни времиња, правда над сите овие неправди, и добра мисла. Силно се чуствува незадоволството на народот од тешкиот живот. Да ги тргнеме на страна розевите очила на премиерот и неговата каста одбрани соработници. Денес вистината е дека Берово исто како и другите градови и села живее потешко од било кога. Своевремено имаме неколку парадокса на власта, имаме премиер кој ни вели дека блескаме во време кога имаме црна сиромаштија. Имаме премиер кој ни вели дека тешко му паѓало што читал лажни вести, а тој и неговите луѓе секојдневно не потрупуваат со лаги и конструкции. Имаме премиер кој вели дека се бори за правда а всушност имаме неправда, зошто пред се Рекет прерасна во операција за спас на главата на октоподот. Имаме премиер кој вели дека ова било економска година, а во реланоста за 7 месеци имаме капитални инвестиции од мизерни 24 осто. Имаме премиер кој вели дека ќе сме имале реформирано образование а всушност имаме земја без ниту еден универзитет во топ 1000. Ова говори дека власта е дезориентирана и дека паѓа. Ништо не им оди од рака. Власта го губи тлото под нозете и е во паника. Доаѓа период на промени, периодот кога власта ќе се соочи со народот кој жестоко ќе ги казни. Тоа време се ближи, а потоа ќе дојде период на обнова и развој, налиша Мицкоски на Фејсбук.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.