Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатната емисија на ТВ21 истакна дека секаде каде што имаат кандидати за претстојните локални избори очекуваат да победат во првиот круг. Нагласи дека тоа не значи дека уште во прв круг ќе биде избран градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека ќе водат. Сепак очекува дека во некои општини победата доаѓа уште во првиот круг.

Запрашан што очекува во Тетово, со оглед дкеа таму немаат кандидат, Мицкоски вели:

„Онаму каде што Алијанса/Алтернатива имаат кандидат, ние застанавме, немаме наши кандидати и ги поддржуваме кандидатите од оваа коалиција“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.