ВМРО ДПМНЕ во моментов анкетираат и мерен рејтинг на кандидати за градоначалници на ниво на држава, а претседателот на партијата, Христијан Мицковски порача јавноста да биде трпелива и се уште како што вели се распрашуваат за одредени кандидати. Забележа дека како партија имаат квалитетни луѓе и ќе има многу изненадувања.

-Така што очекувам ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори жестоко да го порази СДСМ, не само тука во Штип, туку и секаде во Македонија. Затоа што не само гласот за градоначалникот во определена општина, туку тоа е глас за Зоран Заев, а мислењето за Зоран Заев е крајно негативно, вели Мицковски.

Прашан дали ВМРО ДПМНЕ стои на ставот за вонредни Парламентарни избори заедно со Локалните избори, Мицковски со одговор дека час поскоро треба да се промени власта, без разлика дали со ново парламентарно мнозинство или Предвремени парламентарни избори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.