Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот Инфомакс изјави дека е скандалозно новинарите да бидат тепани, судени и кривично гонети.
Скандалозно е тоа што се случува, новинари да бидат тепани, новинари да бидат судени, новинари да бидат гонети. Мене не ми се случило иако има еден поранешен или сегашен новинар или колумнист, што и да е, што континуирано ми го симулира мојот погреб, ваков ќе изгледал, таков ќе изгледал итн и тоа не е говор на омраза, тоа за МВР предводено од Оливер Спасовски не е говор на омраза – изјави Мицкоски..
Мицкоски се осврна и на лажната снимка која беше објавена каде што се прикажува дека тој наводно ги крши мерките за заштита од корона вирусот. Тој посочи дека и покрај тоа што обвинителството го отфрлило предметот бидејќи снимките биле лажни, МВР под раководство на Оливер Спасовски не отворило истрага да испита кој ја монтирал и пуштил таа снимка во јавноста.
По оној исказ од обвинителство дека јас не сум ги прекршил мерките и не сум бил во теретана, до денеска никој не поведе сметка како тоа наеднаш се појавија ракавици на луѓето коишто беа тогаш со мене, како излезе таа снимка од теретаната, на крајот од денот зошто МВР не поведе истрага како таа снимка дојде во рацете на тие луѓе коишто ја пуштија таа снимка. Точно сите знаеме кој стои зад профилот на твитер којшто ја објави прв тааа снимка, ако не знаат еве нека го прашат генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, тој знае со адреса. Знаеме и ние и треба да знае дека знаеме, зошто МВР не излезе да каже како таа снимка стигнала таму, зошто се ставени тие ракаваци. На крајот од денот, кога обвинителството вели дека шест месеци е истражуван тој период и такво нешто не е забележано, тогаш некој треба да одговара – вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.