Во вчерашното интервју на ТВ Клан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објасни дека терминалот за идентификација со отпечаток не е трошок затоа што тие ќе бидат потрени според Изборниот законик и на следните избори.
Мицкоски покажа како изгледа терминалот за попишување каде се зема отпечаток и истакна дека за да има доверба во пописот треба да се изврши оваа операција, во која со самиот терминал каде го поставувате вашиот отпечаток докажувате дека сте присутен, и оваа опција се предлага затоа што според Изборниот законик кој е гласан од сите партии според членот 108а кој вели дека изборите следни ќе се вршат со вакви терминали на идентификација, објасни Мицкоски.
Ова не е дополнителен трошок затоа што тие 5000 терминали кои се потребни за спроведување на следните локални избори можеме да ги искористиме на овој попис, ако имаме околу 500.000 домаќинства тоа се по 100 домаќинства на тим или ако е 45 дена операцијата тоа се по две, или две ипол домаќинства на ден и со пописот ќе се заврши, истакна Мицкоски.
Мицкоски вели дека на овој начин точно ќе се знае колку жители ќе имаме во Полошко, колку ќе има во Струмичко, во Скопско или Пелагониско и кога утре некој ќе биде премиер во Владата или министер за странски инвестиции или за економија и кога ќе дојде странски инвеститор кој ќе сака да инвестира ќе се знае точно каде има квалификувани работници според пописот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.