Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Битола одговори на обвинувањата на премиерот Зоран Заев дека нема став.
Во јануари 2018 година во Клубот на пратеници, се гледавме очи в очи кога ви кажав дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ова нема да го поддржат. Ме гледавте и се согласивте. Има записник. Дојде март, заедно го повторивме истиот став. Тајно преговаравте. Ја парчевте, ја делвте, ја раскрчмувавте татковината. Тргувавте со нешто за што не сте се испотиле и крвавеле за да го заработите. Луѓе гинеле за ова парче земја. Дојде мај, исто така во Клубот на пратениците ми рековте: „Решението е Илинденска“. Ви реков: „Мисли си само. Ова е морковот само“. На дуелот на МТВ му реков: „Допрва ќе видиш што се ќе прифатиш“. И дојде денот кога прифати. И прифати капитулација, зашто сакаше да прави криминал и да се спаси од затвор. Капитулира за да се спаси од затвор и да пљачка. Истиот ден кога прфати, беше ослободен од Основниот суд за „Поткуп“, рече Мицкоски.
Тој повтори дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и непроменет.
Неколку пати и тебе ти го кажав, господине Заев. Ние компромис со тие работи не правиме. Нас не не интересира криминал и ние ако лежиме затвор, ќе лежиме за Македонија и идеалите а не за криминал, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Битола обелодени и дека Заев му нудел влез во Влада и пет министерства за да го прифати Договорот со Грција, но тој одбил.
Господине Заев, во јануари 2018-тата во Клубот на пратеници се гледавме очи во очи, кога ви кажав дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ова нема да го поддржат. Ме гледавте и се согласивте со мене. Има записник. Дојде март, го повторивме истиот став заедно. Тајно преговаравте, ја парчевте, ја делевте, ја раскичмувавте татковината. Делевте и тргувавте со нешто за кое не сте се испотиле и крваревте за да го заработите. Луѓе гинеле за ова парче место. Дојде мај, исто така во Клубот на пратеници, ми рековте дека решението е Илинденска. Ви реков „мисли си ти само“. Ова е морковот господине Заев, а на дуелот на МРТ му реков „допрва ќе видиш што ќе прифатиш“. И дојде денот кога прифати. Ама прифати капитулација затоа што сакаше да прави криминал и да се спаси од затвор. Тоа е вистината. Капитулираше за да пљачка и да се спаси од затвор. Истиот ден кога прифати беше ослободен од Основниот суд за делото поткуп, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.