Јас ви говорам за нов заеднички патриотизам каде рака за рака ќе ја создаваме нашата заедничката иднина. Без предрасуди и со заедничко почитување, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со граѓаните во општина Радовиш.

Мицкоски потенцираше дека кога говори за нов заеднички патриотизам мисли на тоа колку повеќе економски ќе напреднува државата, како и дека новиот заеднички патриотизам ќе биде кога нема да си играат властите со животите на луѓето и кога ќе има одговорност за грешките.

Ви говорам за нов заеднички патриотизам каде ривалството во политиката ќе биде за тоа колку економски повеќе ќе ја напреднеме државата и колку повеќе проблеми ќе решиме сите заедно. Новиот заеднички патриотизам ќе биде кога нема да си играат властите со животите на луѓето и кога за грешките кои ќе ги направат политичарите ќе има одговорност. Не смееме нашата иднина да бидат болници кои горат или болници кои прокиснуваат. Светот оди напред, а нас животот ни поминува во чекалница во која никој не покажува кој е патот, додаде тој.

Патот кој треба да го минуваме е пат поплочен сo силни предизвици, но и со нашата мудрост и заедничка сила ќе го поминеме заедно, кажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.