Новата иднина е и во новиот заеднички патриотизам кој не обединува. Новиот патриотизам не се само зборови, туку концепт за разбирање на работите. Новиот патриотизам во кој верувам се новите инвестиции и фабрики за кои ќе се борам, новите патишта кои мораме да ги изградиме. Новиот патриотизам во кој верувам е новото заедништво кое мораме да го покажеме, новото рушење на ѕидовите кои не раздвојуваат. Оваа држава е на сите луѓе, а сите ние имаме премали разлики споредено со работите кои не обединуваат. Новиот патриотизам во кој верувам подразбира здравство кое ќе е достапно за секој еден човек – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод празникот 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.
Тој од Долни Сарај во Охрид порача дека новиот заеднички патриотизам е членството во Европската Унија, Париз, Брисел, Рим, Берлин на дофат на нашите деца, но и стандард тука како во Австрија, како во Германија.
Тоа нема да се случи преку ноќ, но мора да почнеме од некаде, мора да ги отсонуваме нашите цели, да ги направиме реални. Новиот патриотизам е да дебатираме за тоа колку ќе го подобриме животот, а не за тоа од која етничка заедница е некој функционер. Тоа е небитно кога сите ние ги имаме истите проблеми, истите маки. Поентата е колку заеднички проблеми ќе решиме, а не колку нови ќе создадеме. Новиот патриотизам е да и служиме на нашата држава, политичарите да се слуги на народот и да не заборавиме од каде почнавме, и дека народот е главен во оваа земја. Новиот патриотизам во кој цврсто верувам е нашата Македонија, со силен ‘рбет и челична волја за победи и успеси. Заедничка мајка на сите наши судбински скокови разочарувања и успеси. Ова е мојот сон, мојот концепт, ова е новата заедничка иднина – рече лидерот на опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.