Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој зборуваше за моменталната ситуација во која се наоѓа Република Македонија во однос на здравствената и економската криза, како и за можните предвремени парламентарни избори.
Во однос на денешната изјава на министерот за здравство Венко Филипче за продолжување на вонредната состојба, Мицкоски вели дека таа одлука е политичка и дека со таквата одлука СДСМ и Зоран Заев сакаат да ја манипулираат јавноста. Мицкоски тврди дека таквата одлука не е донесена на основа на размислувањата на министерот, туку дека таквата одлука е претходно разговарана со лидерот на СДСМ, за исполнување на одредени цели кои нималку не се во ред.
Венко Филипче е одличен доктор и јас имам доверба во докторот Филипче, но како министер тој човек покажа дека е марионета на Зоран Заев. Одлуката да се продолжи вонредната состојба не е поради грижата на Филипче и Заев за здравјето на граѓаните и општата здравствена состојба, туку за изнаоѓање можност за уредби за поткуп. Тоа не е коректно прво кон здравствената фела, а потоа и кон граѓанитe”, вели Мицкоски.
Венко Филипче од почетокот на пандемијата го манипулира народот со одмерени прес конференции и смирувачки тонови, додека пак бројките кои секојдневно ги гледаме иако тестирањата се во мал број, покажуваат дека сеуште се бориме со пандемијата. Ваквата ситуација ја користи манипулаторот Зоран Заев кому воопшто не се важни граѓаните на Република Македонија и тој тоа го докажа на прес конференцијата по завршувањето на лидерската средба, заврши Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.