Преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и опозициските партии за создавање ново парламентарно мнозинство завршија успешно. Веста за новиот распоред на силите во Собранието ја објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство – објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во објавата за новото парламентарно мнозинство, Мицкоски објави фотографии од средбата на која покрај досегашните коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива, учествувале и политичките партии Левица и Беса.
Сите овие партии имаат доволно пратеници во Собранието за да формираат нова влада и парламентарно мнозинство.
СДСМ со денови ја замајуваше јавноста дека парламетарното мизинство е сигурно и дека опозицијата нема капацитет да формира ново мнизинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.