Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во Отворено на Алфа Телевизија одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се врати на власт ќе го ревидира договорот со Грција истакна дека ниту еден процес во историјата не е конечен, па така и овој договор, но затоа треба принципиелност, трпеливост и одважност.

Според лидерот на најголемата опозициона партија многу држави во минатото капитулирале, како што, коментира тој, капитулираше во одредена смисла на зборот и Македонија. Но, вели Мицкоски, многу од тие држави биле храбри трпеливи и одважни и денес се во топ светски сили, обединети и посилни од било кога.

– Истото јас им го ветувам на македонската држава, на македонскиот народ и на македонските граѓаните доколку навистина честито, искрено и принципиелно работиме за иднината на оваа држава. Ниеден процес во историјата не е еднонасочен – потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.