На 17-ти октомври се одлучува за иднината. Тоа е можност да се произнесете за се што зборев досега и сериозно да ја опоменете власта. Да не ги поддржите оние мали зоранчиња, алчни луѓе за власт, и оние кои соработуваат со нив само за да си ги зачуваат фотелјите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Босилово.
Мицкоски нагласи дека пред 4 години Заев гарантирал сигурен откуп и пласман на земјоделските производи, нови работни места, нови патишта, училишта, инвестиции, градински, но дека од тоа ништо не исполниле.
Знаеме дека токму во овој крај семејството Заеви вашите градоначалници ги третираат како испостава на фирмите на кланот. Точно пред 4 години доаѓаа и ви ветуваа дека ќе донесат инвестиции, нови работни места, добро платени работни места. Но од тоа ништо не исполнија. Сега повторно ќе дојдат и повторно ќе ветуваат и без срам ќе лажат. Немаат ниту програма, ниту план, ниту визија. Тие немаат визија затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.