Никој не може да ми забрани да сонувам да ја отстранам неправдата нанесена со Договорот од Преспа, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на Алсат во емисијата „Патот Кон“. Говорејќи на темата околу Преспанскиот Договор Мицкоски рече:
„Што беше цената што ја плати секој еден граѓанин на Македонија со овој договор? Им беше ветувано бесплатно здравство, образование во Европа, членство во ЕУ…каде сме сега? Тој договор ја отвори Пандорината кутија за некои други наши соседи да бараат дополнителни отстапки од овој народ…имаме европска перспектива? Немаме. Блокирание сме? Блокирани… Никој мене не може да ми забрани да сонувам, еден ден, оваа неправда да ја отстранам. Исто како што е нанесена, така да ја исправам. Кога ќе имам можност…“, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.