ВМРО ДПМНЕ не учествуваше во договарањето и преговарањето на срамниот Преспански договор кој го направи Зоран Заев. Изборниот резултат ќе даде одговор на иднината на Преспанскиот договор. Ако имаме мнозинство пратеници, вклучително и луѓе од други етникуму кои не се од македонскиот, ќе добиеме можност за чекор назад и ќе можеме да направиме враќање на она што се случи. Во спротивно, ние не можеме да излеземе пред граѓаните и да ги лажеме дека ќе направиме ова или она, затоа што за тоа потребно е исполнување на некои услови. Не сме ние СДСМ и Зоран Зеав – истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ во вечерашното интервју на ТВ Шења.
Според него доколку не се исполнат овие предиспозиции, под итно ќе мора да се спроведат реформи и да се вратиме на брзата трака во европската евроинтеграција, да бидеме дел од тоа семејство, каде ќе може да го актуелизираме прашањето на самоопределување, самоименување кои се загарантирани во ОН.
Никој договор не може да ме натера да ја изговарам таа придавка и да не бидам тоа што сум, горд Македонец – изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.