Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реагираше по изјавата на премиерот Зоран Заев, дека не ја прифаќа оставката на Венко Филипче за 14 луѓе кои живи изгореа во болницата во Тетово.
Како човек никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да има одговорност за нефункционирањето на системот за кој министерот и заменик министерот се директно одговорни за животите на пациентите во болницата.
Заев треба да престане да се надева дека ќе веруваме во неговите глупости кои имаат јасна цел – да ја сокријат објективната вина, негова и на неговите министри..Kој дозволил таква инсталација во болницата и немање на противпожарни апарати?
Кој дозволил опасни боци на кислород во необезбедена болница?
Кој дозволил роднини на пациенти и други цивили во болницата?
И кој друг ако не министерот, заменикот министер и самата Влада е одговорна за животот на пациентите.
Кажете и јавно на јавноста дека Заев и Ахмети здружено, како и за други тендери, се договориле никој да не одговора.
Како човек ми е тешко што главни теми во нашата земја се нечие отсуство на морал и чувство за одговорност, што се прашања за кои не треба да дебатираме и треба да бидат основни вредности за кои политичарите треба да ги бранат, а не да ги рушат.
Јас верувам во мојот народ. Сигурен сум и дека народот знае како да постапи и заедно да ги заштитиме вредностите во кои веруваме и да бидеме силата на промените кои сакаме да ги видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.