Не смееме никогаш да го заборавиме плачот, тагата и страдањето на овие семејства, голготата низ која поминале никогаш да не се повтори!, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денот кога се одбележува депортацијата на македонските Евреи во логорот „Треблинка“.
Пред 78 години, на 11 март 1943 се собрани во монопол, а на 22, 23 и 28 март во 40 сточни вагони започнала депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка. Ликвидирани се 98% од припадниците на Еврејската заедница, од кои 1500 биле деца под 15 години. Само документите и неколкумина преживеани остануваат да бидат единствениот сведок за траорната судбина на овие луѓе.
7144 наши сограѓани го започнале својот пат без повраток. Не смееме никогаш да го заборавиме плачот, тагата и страдањето на овие семејства, голготата низ која поминале никогаш да не се повтори!. напиша Мицкоски.
Пред 78 години, на 11 март 1943 се собрани во монопол, а на 22, 23 и 28 март во 40 сточни вагони започнала депортацијата…
Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, 11 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.