Подготвени сме да го направиме тоа што го рече пратеникот Антонијо Милошоски во Собранието – да му ги исполниме двете желби на Зоран Заев, а биде министер за финансии така што ќе си даде оставка од премиерското место и да организираме за сто дена од сега предвремени парламентарни избори, па да видиме дали ќе му се исполни и втората желба да нè смачка на тие избори, изјави вечерва во интервју на Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Нека има технички премиер, еве нека биде Кочо Анѓушев, а на изборите ние ќе победиме, дециден е Мицкоски.
Тој, исто така, беше изненаден од прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ има коалицсики капацитет со оглед на тоа што беше против законот за јазиците.
Зошто имате дилема дека некој не би колицирал со нас? Токму тоа е погрешното во македонската политика, принцип што го наметна Зоран Заев: клиентелизам, материјализам и квазипатриотизам со романтизам. Ние се залагаме исклучиво за принципиелна политика, која се темели на проекти, реформи и нудење иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.