Интервју за „Радио слободна Европа“ имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го гласа законот за одбрана, само власта да го тргне новото име со кое што ја обезличуваат АРМ.
Дволична е власта, ако го тргне тој член кој што навистина е недостоинствен и не е соодветен за ниеден договор, тогаш веднаш ќе го поминеме тој закон за одбрана. И денеска немаше да го разгледуваме ова прашање, појасни Мицкоски.

Мицкоски дода дека за жал власта не се согласи. И се надева дека власта многу скоро ќе го смени својот став, и ќе се помине законот за одбрана. Потребно е единствено да се отстрани тој член бидејќи не е потребен.
Како што не беше потребно и така интензивно насилство врз институциите и останатите знаци кои што не беа предвидени согласно динамиката на Преспанскиот договор, а власта потрча да сето тоа го реализира, потсети Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.