Голема лага е дека Заев постигнувал успеси на меѓународен план. Во Европа ја знаат земјава по корупција, неправди и најновото дебаклот со здравствената криза. Со оваа влада ниту европската унија станува реалност, ниту пак некое билатерално прашање е затворено во наша корист. Доказ за тоа е спорот со Бугарија што е огромна пречка, а кој овде ни го продаваа како голем успех откако се потпиша договорот од страна на Владата на Заев со кој се отвори пандорината кутија – рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

Тој објасни дека имајќи ја во предвид важноста на разговорите со Источниот сосед, и нашиот стратешки интерес да се почнат преговори со Европската Унија, претходниот период се воздржувал од јавни настапи и прес конференции со цел истите да не бидат погрешно разбрани, но и да се даде можност за решение.

Сметам дека одговорно е да се дозволи Владата да го има целиот простор да ги оствари стратешките цели, но и да ги зачува националните интереси. Но очигледно сме сведоци дека сето ова се удира во зид, и се враќаме отпочеток на изворот на проблемите.
Целиот овој проблем со источниот сосед се базира на една лага на Зоран Заев и на една негова основна каратеристика која како буквар ја научија сите во регионот и светот а тоа е свитканата кичма – нагласи Мицкоски.

Овој проблем немаше дотолку да ескалира и денес да имаме една се чини непремостлива  препрека и кочница на патот кон Европската Унија ако не беше Зоран Заев и неговата лага дека работата со датумот е завршена.

Дополнително дека нашиот источен сосед ќе добие нешто што тој неформално им го има ветено, решение за јазикот, историјата и народот по терк на Софија, а знае дека ова тука во земјава нема шанси да помине кај граѓаните. Значи една работа кажува тука пред домашната јавност, а сосема друга лажна надеж им има ветувано пред официјална Софија. И токму затоа при една средба со еден висок преставик од Бугарија ми рече, не бараме повеќе од тоа што премиерот на вашата земја ни го има ветено. И тие знаат дека со Заев имаат неповторлива шанса да постигнат решение какво ниту една друга македонска влада овде не би постигнала.
И токму затоа ниту една влада било да е од левицата или десницата од независноста до денес не потклена на негаторски барања од источниот сосед кои ги слушаме зачестено последниов период. Ниту владата на Кљусев, ниту таа на Црвенковски и Љубчо Гоергиевски, ниту на Костов, Бучковски или таа на Груевски, и нути еден претседател не потклекна од Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов.
И после се она што поминавме во овие 4 години власт на Заев ние со соочуваме и ја живееме грешката дека овој човек има ветувано се и сешто, само за да дојде на власт. Но овде и и тука освен Заев и неговите околу него постои нешто што не смее да се негира, а тоа е народ – рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, нема Mакедонец ниту било кој граѓанин што и малку ја чуствуваа оваа земја како своја што не се чуствува понижено, навредено од сите оние изјави дека народот ни бил вештачки, дека јазикот е дрво без корен, туку така измислен 45тата година, дека нашите свети борци за слобода биле бугари и што уште не.

И сега треба да се правиме отсутни од реалноста и историските факти и да прифатиме дека тука имало бугарска администрација, а не окупаторска војска, фашистите да ги правиме ослободители и што уште не.
Тоа боли, но уште повеќе боли тоа што владата и Заев молчи на сето ова и не одговара ниту демантира – рече Мицкоски.

Згора на тоа сведоци сме и на таен нон пејпер кој Владата не го коментира, ама го прифатила и притоа необјаснувајќи во чиво име тоа го направила и со кого се консултирала за сето ова.

Главниот проблем е што ниту тогаш, ниту денес кога се приближуваме во последните денови од финалните разговори Заев и Владата преговараат без притоа да имаме општ политички конезсуз внатре за едно вакво важно прашање.
И затоа меѓудругото барав лидерска средба на која ќе дискутираме и за преговорите со Бугарија и затоа беше важно заеднички да настапиме зошто не може еден човек да разговара во името на сите и да мисли дека може да прифаќа нон пејпери кои никогаш не сме ги анализирале.

И ќе бидам јасен како ден, со чист став како солза.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да прифатиме компромис кој не асимилира, немаме намера да свиткаме кичма. А и ти Заев те повикувам барем еднаш да не подвиткуваш кичма.
Барем еднаш, направи спротивно од се до сега што правиш досега, и исправи се.
Ние како нација и држава не можеме да прифатиме да се самопорекнеме, или самоодречеме по секоја цена, јас би рекол и по ниту една цена.
Мора некогаш да се каже доста е на лазењето по нерви и навредливата реторика во која ние Македонците ќе се повлекуваме и постојано губиме. Доста е од тоа како држава да даваме се, а да не добиеме барем малку – потенцираше Мицкоски.

Според него не смееме да прифатиме да се самоизбришеме.

Ако Владата постигне решение со која ќе го запази иднетитетот, историјата, јазикот и заштити малцинството, тогаш еве кажувам дека ќе бидам првиот, ќе бидам првиот кој тој договор ќе го поздрави и поддржи. Затоа што е многу важно да отпочнеме преговори со Европската Унија, тоа е еден од најважните стратешки интереси за земјава, затоа што државава нема друга алтернатива. Но во исто време ние имаме должност и да опстоиме како Македонци. И таа битка за нашите стратешки интереси не смее да биде по секоја цена, односно по цена ние да престанеме да постоиме. Не смееме во нашата единствена цел за интегрирање во Унијата да се изгубиме како народ, туку сочувани да влеземе таму.
Оваа наша позиција е многу фер. Затоа што Заев овие разговори ги прави еднострано без консезус со опозицијата.
Јас како човек и како политичар го немам правото, не сакам и нема да газам по коските на илјадници генерации, нема да газам по делото на Ченто, Апостолски, Мирче Ацев, Корчагин, Страшо, Стив Наумов и сите други херои. А ако предавството (или- штетен договор) се случи и има штетен договор со кој ќе се порекне македонски јазик, идентитет, историја, или постоење на македонско малцинство тогаш наредната Влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го поништи. А Заев ќе дојде ден кога ќе одговара пред историјата и законите.
Овие неколку дена се многу значајни со разговорите со источниот сосед, а нам искуството со оваа влада ни вели дека мора да се биде претпазливи. Апелирам Владата на Заев како свој прв приоритет нека ги постави заштита на националните и стратешки интереси и да постигне решение не по цена на самопрокнување и бришење, решение кое ќе биде гарантор на нашиот идентиет, јазик и посебност и виза за непречен почеток на преговори со ЕУ – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.