Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејбук го прозва премиерот Зоран Заев по денешните рекордни 317 новозаболени од Ковид 19.
317 новозаразени од КОВИД. Работата одамна е излезена од контрола. Заев пред изборите прогласи победа над заразата, демантот на ова стигнува секој ден изразен во заразени и смрт. Неспособноста на Заев и министрите убива и чини животи. Ако мафијата, наместо кон крадење беше насочена кон спасување животи, денес ќе имавме друга ситуација. Починатите не се бројка, тоа се имиња и презимиња кои денес не се со своите семејства. Неспособноста на Владата убива!, пишува лидерот на опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.