Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за законот за државјанство и посочи дека ваков каков што е законот за државјанство е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е спротивен на Уставот и спротивен на Меѓунардоното применливо право.
Мицкоски укажа дека доколку на сила сакаат да го донесат законот за државјанство ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира.
Законот за државјанство е комплетно неприфатлив за нас и се знае каква е процедурата, амандмански ќе интервенираме за да тоа не дојде на пленарна седница и да се дискутира. Едноставно си има меѓународни правила, уставна категорија е тоа како се стекнува државјанство. Не може со три сведоци вие да станете државјанин и тука завршува дебатата на таа тема. Да биде законот како што треба, да биде согласно Устав, според Меѓународно применливо право тогаш можеме да отвориме дебата и да дискутираме. Вака како што е концепиран тој е неприфатлив, спротивен на Устав, спротивен на Меѓународно применливо право, со три сведоци не се станува државјанин и тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо и тоа ќе го блокираме – истакна Мицкоски во своето гостување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.