Се е добро на хартија, но нема имплементација, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше гостин во вестите на Канал 5. Тој потсети дека Македонија не доби датум за преговори, зашто во државата нема реформи, а Извештајот на ЕУ колку и да е кристално чист до сега, како што го претставува власта, содржи сериозни критики.

Ја слушнавме изјавата на амбасадорот Тимоние, знаеме што кажа за реформите, да ве потсетам и на нулата што ѝ ја додели Германската бизнис асоцијација на владата за функционирање на бизнисот во Република Македонија. Мислам дека нема потреба повеќе да редам, вели Мицкоски.

Лош е амбиентот во кој функционира политиката и демократијата, нема владеење на право.

Сето она што го зборуваме ние тука, го зборуваат и нашите партнери од меѓународната заедница, рече Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ треба да врви по својот пат и по свои канали да лобира Македонија да добие датум за преговори, затоа СДСМ и власта не го прават тоа.

Мицкоски ја потврди изјавата на потпретседателот Александар Николоски дека постои договор меѓу Бујар Османи и Дитмир Бушати да се забавуваат реформите во Македонија за да може Албанија да ја стигне и потоа во пакет да влезат во Европската унија.

Заев е уценет слаб политичар, тој со неговиот ментор Еди Рама ги спои Македонија со Албанија, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ беше повеќе од конструктивна во обидите да се добие датум за преговори иако оваа влада не заслужила толкаво ниво на соработка, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за Канал 5. Мицкоски потсети на односот на СДСМ кога од позиција на опозиција во време кога Македонија требаше да добие пари од меѓународната заедница, испраќаше писма во кои ја кодоши владата, протестираше, бојадисуваше фасади…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.