Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 при што посочи дека во оваа ситуација кога се зголемува бројот на новозаразени е малку несериозно да има избори, бидејќи човечкиот живот и здравје немаат цена.
Токму поради тоа подавав рака цело време и велев „дајте луѓе да седнеме да разговараме, да ги надминуваме овие работи“, предвидувајќи дека ќе дојдеме до една ваква ситуација.Кога се носеше Уредбата, се слушнав по телефон и со вицепремиерот Бујар Османи и со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Им реков не го правете ова, ќе имаме политичка фрикција, кога ќе дојде денот. Затоа што е погрешно, прочитајте ја првата реченица не можете вие денови да собирате. Ние прва лекција по кинематика на факултет која што ја кажуваме дека времето Т не може да биде негативно, може да биде само позитивно“, појасни Мицкоски
Мицкоски додаде дека не може со Уредба да се стопира рок. Вели, со избрзаната одлука на Владата се создаде проблем.
Нема протоколи за однесување за време на избори, што ќе се случи ако некој се разболи во тек на кампања, на многу прашања нема одговор, а сето ова говори дека нема услови за избори сега, и треба на прво место да ни е здравјето на граѓаните пред се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.