Нотациите од европскиот извештај дека има напредок во реформите на судство и администрација, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не ги одобрува и не ги смета за точни. Тој после средбата со претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка, објасни и зошто е таков неговиот став
Јас пред се сум универзитетски професор и педагог, и кога како човек го слушам она „трас трас“ се договорив, или овој знае, тој знае или пак она рекетирање кое што е поврзано со една веќе поранешна телевизија, верувајте ми дека не можам да седам мирен и да речам дека тоа е така, па каков сака нека е извештај. Тоа се вредности кои што јас не можам да ги поддржам и тоа е конечна и лична моја одлука како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да се спротивставам на таквите лажни вести. Не можам да кажам дека е реформирано судството кога видовме како тоа се реформирало по методот „трас трас“ . Така не се реформира судство, не се реформира судство со 74 пратеника, па потоа се поништува и се носи со 80 пратеници. Тоа е лош пример за моите и за вашите деца. Тоа е лош пример за генерациите кои што доаѓаат затоа ни се празни државата. Тоа не можам да го поддржам и никогаш нема да го поддржам – рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.