Вечерва на емисијата на „Отворено“ на Алфа телевизија, гостуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Мицкоски откако Зоран Заев е на власт имаме партизирано судство како што никогаш досега не било во Република Македонија.
Тој посочи дека со сиот свој човечки интегритет, но и со честа и честитоста на сите соработници кои што се околу мене и сето она кое што во периодот кој што следува што го работиме и ќе го понудиме на како програма на граѓаните, а се однесува на судството, обвинителството генерално во судскиот систем ќе гарантира независност, непристрасност и одлучување исклучиво по словото на правото и правдината, ништо повеќе.
И навистина тоа ќе го направиме затоа што ако вие денеска го погледнете јавното мислење во Република Македонија ќе видите дека граѓаните чувствуваат апсолутна несигурност и партизација во судството и обвинителството како што досега не била запаматена во Република Македонија. И тоа благодарение на Зоран Заев и оваа влада. Со ова не сакам да ги амнестирам сите претходни влади, но тоа што на отворена сцена оваа влада и Зоран Заев го правеа изминатите нецели две години со сето она влијание, претскажување на предмети, на обвиненија, на судски пресуди, со сите оние прислушкувани материјали јавниот обвинител откри скандал каде што речиси две години биле прислушувани судиите и обвинителите и никому ништо. Поминаа неколку месеци од тоа и никому ништо и не знаеде дали има елементарна истрага кој ја инсталирал таа апаратура. Кој дал налог да се вклучи таа апаратура и каде завршиле сниманите материјали?, запраша Мицкоски.
Мицкоски образложи дека на најбезобразен начин, на најбезкропулозен начин се менуваа закони, за да можат да се обезбедат доволен број на пратеници кои што понатаму би му дале поддршка на Зоран Заев во оној процес на уставните измени. Затоа велам денеска имаме заробена држава, имаме партизирано судство кое што никогаш во минатото не било во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.