Нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепна. Обезбедуваат повластена тарифа за универзален снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агенција за обезбедување чии што вработени гледавме како држат прес конференција пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Испумпуваат пари на граѓаните преку буџетот а имаме стотици илјади граѓани кои што живеат со помалку од 50 денари на ден. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на електричната енергија мора да биде вратено на старо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.