Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

Доколку водите политика на принципи и аргументи тогаш морате да ја водите така, а не можеме ние сега да водиме политика декларативно на принципи и аргументи, а кога нас ни одговара тогаш да ги кршиме. Некогаш ќе добивате на таков начин, а некогаш и ќе губите. Доколку ние велиме наш принцип за почитување на законите и со тоа нема компромис, тогаш нема дилема дека ние мора да имаме техничка влада 100 дена пред избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.