Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг со Сотир Костов истакна дека тој не може да договара криминал и да договара дека ќе амнестира криминал.

Сите се плашат од мене и од ВМРО-ДППМНЕ зошто нема договор како тоа што го кажа Заев.Зошто нема договор за криминал, јас не можам да се договорам и да давам ветувања дека доколку утре направи ВМРО-ДПМНЕ влада,а јас бидам мандатар, ќе амнестирам криминал. Јас не можам да давам такви ветувања, ниту пак да преговарам и тоа е суштината. И тогаш Зоран Заев одлучува да го нападне ВМРО-ДПМНЕ не како политички противник само туку и од лево и од десно. Бидејќи нема креатива, нема визија, нема проекти со кои ќе може да ги освои симпатиите на граѓаните одлучува да ги промени неговите три столба, а тоа е уцени, закани и поткуп – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.