Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција порача дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.

Немам намера да поднесам оставка. Затоа што тоа оди во прилог на СДСМ и на Заев. А, треба да се бориме против тоа зло, рече Мицкоски кој напомена дека до седиштето на партијата не пристигнало никаква иницијатива за свикување вонреден конгрес.

Тој оцени дека кадрите на новото владејачко мнозинство се компромитирани и транзициски и оти настапуваат со истите ветувања коишто ги ветиле, а не ги исполниле во нивниот претходен мандат.

Следуваат потешки времиња. Владата на СДСМ го изведе најнечовечкиот поткуп на избори. Сиромаштијата ќе се зголемува, квалитетот не се цени и младите си заминуваат од земјава. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане за жестоко да критикува. Ова не е само моја битка, туку битка на народот против неодговорната Влада. Нема да поднесам оставка за да помогнам на СДСМ и Зоран Заев. Додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Заев. Би било кукавички сега да си заминам, истакна Мицкоски.

Потенцираше дека со жестока критика од страна на народот, со организирани масовни граѓански протести, оваа влада ќе падне пред завршетокот на својот мандат.

Прес-конференција, 31.08.2020

Прес-конференција, 31.08.2020

Gepostet von Hristijan Mickoski am Montag, 31. August 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.