Имало многу контроверзни ликови на македонската политичка сцена од осамостојувањето па сè до денес со кои се врзани многу митови, определнени сведоштва, вистини, невистини…. Но, за мене многу е важен моралниот кодекс, кој често го повторувам, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Моралниот кодекс ќе биде основно начело на функционирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде и еден од принципите врз кои ќе се прави идната влада, на тој принцип и ќе се прави коалицирањето, посочи Мицкоски.
Според него многумина се и скептични во однос на тоа.
Многу ќе речат сега сум во опозицијата, ќе биде друго кога ќе бидам на власт. И тоа е нормално луѓето се незадоволни, често биле лажени. И кај нив се создава едно чувство, едно видување дека сите се исти. Но, не се сите исти, а една од алатките ќе биде токму тој морален кодекс, посочи Мицкоски.
Лиерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека моралниот кодекс му е водилка и во приватниот и во професионалниот живот подеднакво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.