За да седнеме да преговараме, мора да се водиме по историските факти. Не смееме да седнеме на маса и да преговараме за нешто што не е за преговарање. Како дојдовме во оваа ситуација да се преговара за тоа. Некој ги изгубил сите преговарачки позиции, се однесува како коцкар на покер кој залутал во политиката и очекувате други политичари да седнат и да најдат договор. Заев се однесува како политичар кој залутал во политиката. Сега приоритет е да не Заев на преговачка маса, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата „Клик плус“ што се емитува на телевизија 21.

Мицксоки укажа на недоличното однесување на Заев и менувањето на ставовите или дека ги менува континуирано.

Заев вели нема што да разговарам со лидерот на опозицијата, нема што да одам на Комисија за надворешни работи во Собрание, но затоа дава интервју за бугарски медиум и би рекол галантно ја најавува распродажбата, рече Мицкоски.

Мицксоки потсети и како Заев велеше дека нема преговори за македонски јазик и тоа биле црвените линии.

Тоа се и наши црвени линии, зошто тогаш да не изгласаме документ во Собрание и со тој да одиме на преговори, посочи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.