На граѓаните им е преку глава од политиканство и поради Зоран Заев граѓаните сите политичари ги ставаат во ист кош, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Сител“.
Ние мора одговорно да делуваме, луѓето имаат сериозни последици од сето она што ни се случуваше во овие два месеци. А, ние дополнително ги оптоваруваме со нашите политики и политиканство. Не смееме тоа да си го дозволиме, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски апелира до сите политички партии дека не треба дополнително да се оптоваруваат граѓаните со политики и политиканство.
Тогаш сите губат. Граѓаните викаат преку глава им е од политичарите. Не викаат преку глава од Зоран Заев. Сите нè ставаат во ист кош. Тоа е што јас се трудам цело време да го покажам, а тоа е дека не сме сите исти, различни сме. Има и такви кои што би направиле сè за да можат колку толку да останат на политичката сцена, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.