Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Јади Бурек“ кај Јанко на ТВ Сонце одговарајќи на прашање кој е планот на партијата откако ќе се врати на власт за уставобранителите кои се по затворите, вели дека јавно нема да зборува на таа тема бидејќи е сензитивна, но дека не се откажува од нив и нивните семејства.

– Тоа е сензитивна тема, но она што можам да кажам дека имаме јасен план како по тоа прашање, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додаде дека и уставобранителите и нивните семејства многу добро знаат дека не се заборавени од него и од ВМРО-ДПМНЕ.

– Апсолутно не се откажувам ниту од нив, ниту од нивните семејства, а тоа тие го знаат добро. Еве ја користам приликата да ги поздравам и да им порачам да издржат. Доаѓаат подобри времиња, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.