Договорите со Грција и Бугарија се дел од разговорот кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го имаше на телевизија Алсат М, каде беше гостин кај новинарот Васко Попетревски.
Нашиот став поврзан и со едниот и со другиот договор е јасен и тука е непроменет. Ниту со договорот со Бугарија, ниту пак со нашиот јужен сосед. Ние ниту сме се согласувале, ниту пак можеме во иднина да се согласиме со тоа што е таму, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека прв приоритет е приближувањето на Македoнија кон Европската унија.
Но, сме кажале за да направиме било какви промени таму нас ни се потребни определени услови кои што ќе се трудиме да ги задоволиме. И тука нема никаква дилема. Прв приоритет ни преостанува, приближувањето на Македoнија кон Европската унија, вели Мицкоски.
Тој уште дополни дека доколку ние сакаме да се провлекуваме ни стои пат, тогаш да потребни ни се вакви ултиматуми и тука нема никаква дилема.
И овие ултиматуми ќе не потсетуваат на предавството и капитулациите на Зоран Заев и СДСМ, и тука нема апсолутно никаква дилема. Никадее не пишува да ги промениме сведителствата. Кој го тераше Зоран Заев да ги промени сведителствата кога ние се уште не сме го отвориле поглавијето за образование, кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.